НА ПОПОВА ШАПКА, ВО ЛАЗАРОПОЛЕ И ВО КРУШЕВО СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА – Најмногу дожд наврна во Битола!
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР.
Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка 9 и во Крушево 4 сантиметри.
Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен.
Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата. Во Крушево започна да паѓа пообилен снег, а снег паѓа и на Попова Шапка и Лазарополе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиство во Богданци? Пронајдени две безживотни тела!
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Туск подготвен за средба со полскиот претседател…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови…
Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата…
Од утре исплата на средства за клиентите…
Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…
Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…
Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…