ЦУК: Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени
Виничките пожарникари вчера интервенирале во филтер станица на територијата на градот каде од испукана боца истекол хлор – гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици.
За ретката, но опасна ситуација, во која за среќа нема повредени лица, утрово информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде велат дека по интервенцијата на пожарникарите опасноста била отстранета.
Регионалниот центар за управување со кризи Штип, информира дека пожарникарите на Територијалната противпожарна едница Виница вчера од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станица, се вели во информацијата од ЦУК.
Било интревенирано со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Во настанот нема повредени, но на вработените во филтер станицата, се додава во соопштението, им бил даден кислород поради опасност од вдишување на отровниот гас.
Инаку, утрово од ЦУК информираа дека вчера имало вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два биле на територијата на Скопје, исто толку во Битола и по еден на териториите на Охрид, Штип и Куманово.
Според ЦУК во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112. Од нив „реални“ биле 47,40 отсто, додека 52,м60 отсто од повиците биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полицијата биле упатени 71,20 отсто, кон Итната медицинска помош 23,20 отсто, додека кон пожарниакрите биле 3,60 отсто од реалните повици на 112.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…