Објавено на:

Руското прислушување на германски офицери ја стави германската влада под притисок

t

Русите пресретнале телеконференција на офицери на германската армија, очигледно со пристап до интернет мрежата во хотелот, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус на прес-конференција во Берлин изјави дека инцидентот со прислушувањето се случил додека еден од воените офицери бил во посета на Сингапур и се приклучил на телеконференција од хотелска соба.

Тој нагласи дека комуникациските системи не се загрозени и додаде дека истражителите не откриле безбедносни пропусти во воените комуникациски системи или сервери за податоци.

– Телеконференцијата меѓу офицерите на воздухопловните сили можеше да биде прислушувана поради поединечна грешка. Сите учесници не ја следеа процедурата како што е пропишано. Според досегашните сознанија, учесникот во Сингапур бил поврзан преку неовластена врска – рече Писториус.

Тој рече дека, според првичната истрага, воениот офицер се приклучил на телеконференцијата преку необезбедени линии за податоци, јавна интернет конекција на хотелот или мобилна комуникациска мрежа, која била пресретната од Русите.

Германската влада се најде под огромен притисок по скандалот со прислушувањето, бидејќи минатата недела во руските медиуми беше пресретната и објавена дискусија на германски воени офицери за војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…