Објавено на:

Орбан: Западната хегемонија е завршена, се создава нов светски поредок

t

Ѝ доаѓа крај на хегемонијата на западните земји и сега е во тек фомирање нов светски поредок, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан цитиран oд унгарската новинска агенцијата „МТИ“.

„Хегемонијата на Западот е завршена, тоа денеска никој не го оспорува, постојат податови што одлично го потврдуваат тоа. Се формира нов светски поредок, ситуацијата мора постојано да се проценува и да се анализира,“ вели унгарскиот премиер.

Орбан напоменува дека многу се обидуваат да го поделат светот на геополитички блокови, а, во исто време, земји како Унгарија кои го бранат својот суверенитет се под огромен притисок.

„Со членство во блокот е многу ограничен маневарскиот простор, па иако Унгарија е заинтересирана за членството во ЕУ и во НАТО, поделбата на блокови не е во нејзин интерес. Затоа ќе го јакнеме сојузништвото со другите земји кои го бранат својот суверенитет,“ посочи тој.

Унгарскиот премиер посочи дека во Украина се води „посредничка војна меѓу Западот и Русија и дека е сосем јасно оти Западот не може да ја добие таа војна.

„Не треба да се збрува за војна меѓу Русија и Украина зашто тоа е прокси-војна, а сите знаат дека главните сили на Украина не ги дава Украина туку тие што стојат зад неа,“ вели Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…