(Видео) Бил првенец во гимназијата, моето мислење е позитивно, вели Силјановска за Бранко Црвенковски

t

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во гостување кај Стефан Лазаров го испофали поранешниот премиер Бранко Црвенковски, од чија Влада и самата била дел.

Силјановска објаснува дека има добро мислење на Црвенковски, дека бил исклучително паметен човек, како што вели таа како и сите од природните и техничките факултети. Вели дека не се видела со Црвенковски, а потоа самата се демантира кажувајќи дека го видела на некоја приватна забава.

ЛИНК од видеото

Видеото во живо во „Тешки муабети“ го коментираа нашите ко-водители.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски истакна дека Силјановска смета дека Бранко Црвенковски е исклучително интелигентен и добар премиер бидејќи во тој период и самата била дел од неговиот кабинет, а таков впечаток не би добила доколку прошетала меѓу обичниот народ кој настрада од приватизацијата.

Целата емисија следете ја во живо во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреј Петров и Игор Ивановски-Шема се враќаат…

Високи функционери на СДСМ од времето кога…