Смртоносна болест се шири во Србија: Што е лајшманиоза?
Во Србија во изминатите години се појави паразитското заболување лајшманиоза кое го пренесуваат песочните мушички и главно се поврзува со тропските и суптропските предели, но во последно време сѐ повеќе се зборува за оваа болест.
Ако не се лекува соодветно и навреме, болеста може да биде фатална во повеќе од 95% случаи.
Епидемиологот на Белградскиот градски институт за јавно здравје Славица Марис гостуваше на „150 минути“ и одговараше на прашања поврзани со оваа паразитска болест, објави Б92.
– Лајшманиозата е поврзана со тропските и суптропските болести, се пренесува со каснување од заразени песочни мушички и ја предизвикува паразитот Лајшманија. Повеќе од 20 видови на лајшманија предизвикуваат болест кај луѓето, а повеќе од 70 организми можат да бидат резервоари на оваа болест, вклучувајќи ги и луѓето – истакнува д-р Марис.
Лајшманиозата со векови е ендемична болест во Сирија. Порано беше позната и како „злобниот Алепо“. Меѓутоа, по граѓанската војна и по мигрантската криза, избувна епидемија на оваа, како што вели епидемиологот Марис, заборавена болест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…