Србин пресретнал три жени и дете во близина на Загреб, почнал да пука и им го украл автомобилот
Полицијата во Загреб извести дека уапсила 25-годишен српски државјанин кој пресретнал три жени и едно дете, почнал да пука и им го украл автомобилот.
Тоа се случило пред три дена околу 21 часот и 30 минути под мостот во Новаки Шчитарјевски, а со него биле уште двајца непознати сторители. Тој пресретнал „форд фокус“, управуван од 30-годишна жена, додека во автомобилот биле уште две жени и дете.
Им се заканил со огнено оружје, пукал двапати во воздух, а тие побегнале. Им го украл автомобилот и си заминал. Подоцна е пронајдено возилото, а уапсен е 25-годишен маж, објавија хрватските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…