Илиески: ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела!
ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела! На една страна е градоначалникот, Тони Коњановски и неговите приврзаници, на друга страна се советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а на трета страна е Општинскиот комитет во Битола. Расколот во ВМРО – ДПМНЕ Битола се случува после дебаклот со собраните потписи за поддршка на Силјановска, соопшти на денешната прес-конференција Методија Илиески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола и додаде:
-И покрај сите притисоци кои ги правеа, не ја добија очекуваната поддршка од битолчани! Два дена подоцна, советниците од ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на својот градоначалник, Тони Коњановски. Не гласаа за завршната сметка што тој ја предложи, а две и пол години го фалеа дека фантастично работи. СДСМ и коалицијата во советот на општината нема да дозволат Битола да биде заложник на расколот во ВМРО – ДПМНЕ и ќе ги заштитиме интересите на граѓаните.
ДПМНЕ не може да донесе никаква позитивна или суштинска промена кон подобро. Иако имаат 2 години локална власт во Битола не направија ништо. Во ДПМНЕ војуваат кој да биде пратеник, а граѓаните на Битола уште војуваат со кал и ископани улици. Со Тони и ДПМНЕ Битола тони! Затоа, битолчани ќе го казнат ДПМНЕ на следните избори!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…