Повторно штрајк во Љуфтханза, се очекува откажување на летовите
Се очекува ново откажување на летовите на Луфтханза откако е најавен уште еден штрајк на копнениот персонал за четврток и петок. Персоналот ќе престане со работа од 4.00 часот изутрината во четврток па се до 7:10 часот во сабота.
Ова би можело да значи дека некои од вечерните летови на Луфтханза до градовите во поранешна Југославија може да бидат погодени уште денес бидејќи нивното враќање во базата е закажано во четврток наутро кога штрајкот веќе ќе биде на сила. Германскиот авиопревозник допрва ќе објави колку летови ќе бидат погодени од индустриската акција, но рече дека прекините ќе бидат “големи”.
Луфтханза има вкупно 26 летови планирани од Франкфурт и Минхен до градовите во поранешна Југославија овој четврток и петок, вклучувајќи осум летови за Белград, шест за Љубљана, два за Сараево, три за Скопје и седум за Загреб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го…
Премиерот Христијан Мицкоски, на заедничкиот настан со…
Александар Чупиќ нема да учествува на самитот…
Претседателот на Народното собрание и вршител на…
Гаши: Почитувањето на јазикот и идентитетот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка…
Г.г. Стефан му се заблагодари на Кирил…
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска…
Припадници на Баталјонот на специјални сили спасија…
Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС)…