На Хамилтон нема да му биде лесно во Ферари

t

Повократниот шампион во Формула 1, Мика Хакинен, изјави дека возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе мора да се прилагоди на начинот на функционирање на Ферари во 2025 година.

– Можеби верува дека Мерцедес не е во состојба да му обезбеди автомобил со кој може да победи. Веројатно гледа таква можност – дека Ферари ќе му даде болид за победи. Претпоставувам дека сакаше нешто ново. Тој беше толку долго во Мерцедес и постигна се со тимот. Ми се чини дека сака да се пресели во друга екипа и да помине низ сличен пат, еден ден да стане победник таму. Но, ова е голема промена, бидејќи тој беше, да речеме, во британскиот тим многу, многу години. Сега ќе биде во италијанскиот тим, а нема такво искуство. Мора да ја разберете филозофијата и стилот на работа. Шарл Леклер е во тимот долго време. Тој е многу талентиран млад пилот, автомобилот е направен за него. Нема да биде многу лесно, според мене, изјави хакин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…

ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…

Лидерите на Европската Унија и на НАТО…

Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…

Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…