Вучиќ: Ана Брнабиќ кандидат за претседател на парламентот, Шапиќ за градоначалник на Белград

t

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Претседателството на СНС било договорено кандидат за претседател на Собранието на Србија да биде Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник е Александар Шапиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Ана Брнабиќ е моето најпозитивно изненадување, таа најмногу напредуваше, се бореше толку силно и храбро, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Тој се осврна и на поранешниот претседател на Собранието Владимир Орлиќ.

Верувам дека Орлиќ ќе има значителни обврски на друго место, рече Вучиќ.

Како што додаде, за таа функција повторно кандидат е актуелниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ.

Вучиќ најави дека составот на новата Влада на Србија и мандатарот ќе биде предложен за седум до десет дена.

По изјавата на Вучиќ се огласи премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која изјави дека најголема чест во животот и е што била седум години на чело на Владата на Србија. Таа изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

Направивме многу работи и мојата најголема чест беше да работам рамо до рамо со претседателот Александар Вучиќ и не само за мене, и за моето семејство. Така што ова е доста емотивно. Направивме многу работи заедно. Направивме сè како тим. Мислам дека тоа придонесе за стабилноста на Србија и за јасна насока за иднината, изјави Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…

Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…

Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…

Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…

Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…

Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…

Црното море станува се поопасно за трговските…

Нападите со дронови врз трговски бродови во…

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…

Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…