Објавено на:

Скандал во Солун: Поп ги измамил своите верници за 1,3 милиони евра, запленил и луксузно возило!

t

Тој вели дека сѐ што сака е да служи во истата црква каде што бил со децении, но не крие дека Обвинителството покренало истрага за неговиот случај, објави Прототема.

„Не можам да зборувам на таа тема, Обвинителството не ми дозволува. Не се плашам, да се плашев немаше да бидам во храмот, ќе се крев од светот. Не побегнав, не се кријам , Јас сум секогаш на располагање на властите“, рече тој.

Тој е осомничен дека од ноември 2018 година до 24 февруари минатата година со своите двајца помошници им приоѓал на луѓето и ги уверувал дека би можел да стане следниот солунски митрополит и дека тие можат да имаат корист од тоа.

За да бидат што поубедливи, на жртвите им покажувале лажни писма кои наводно ги добивал од верски и државни органи и им земале пари.

Истрагата ќе покаже дали навистина со измама од жртвите зеле 1.340.000 евра.

Досега по пријава од неколку граѓани, утврдено е дека парите се префрлени на сметка на соучесниците на свештеникот.

Во меѓувреме полицијата запленила луксузно возило, два компјутера, принтер, два УСБ-диск, разни сметководствени книшки, разни писма и белешки, како и два мобилни телефони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…