Пендаровски: Македонското малцинство во Бугарија е факт
Шефот на државата, Стево Пендаровски нагласува дека е потребна конструктивност во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и во напорите за решавање на отворените прашања, а постоењето на македонското малцинство во соседната држава е факт, кој е потврден и од Стразбур.
На прашањето на МИА да даде коментар на вчерашното соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи, во кое меѓу другото има забелешка за „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“, од Кабинетот на Пендаровски ни одговорија дека ставот на претседателот и претходно и сега е дека „потребна е конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања, со оглед на тоа дека и нашата држава претендира да биде дел од Европската Унија, каде што заедно со соседна Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка“.
Во врска со коментарите за македонското малцинство во Бугарија, од Кабинетот посочуваат дека тоа е факт, кој е признат и од Стразбур.
„Во однос на коментарите кои се однесуваат за постоење на македонско малцинство во Бугарија, се работи за факт кој е потврден и со одлуките на судот во Стразбур“, се наведува во одговорот.
Комитетот за елиминација на расна дискриминација при ОН на 10 декември, на меѓународниот ден на човековите права упати апел до Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница.
Во извештајот за Бугарија Комитетот порача таа да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги македонската и помачката етничка група и да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правото на слобода на изразување и на здружување.
Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување.
Бугарското МНР вчера соопшти дека на состанок бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Софија поради, како што се наведува, „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“.
Во соопштението не е прецизирано на кои политичари и за кои тврдења се однeсува реакцијата, но се нагласува дека Софија „категорично се противи на обидот Бугарија и билатерални односи да се вклучуваат во внатрешната политичка дебата во Република Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања“.
Соопштението на бугарското МНР доаѓа по барањето на бугарската партија ВМРО бугарското МНР итно да го повика амбасадорот на Македонија во Софија, во врска со изјава на претседателот Стево Пендаровски поради, како што се наведува, „говор на омраза кон бугарската држава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан…
Почитувани пријатели, голем број од вас знаат…
МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33)…
Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници…
Министерството за дигитална трансформација доставило налог за…
Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака,…
Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…
Вишиот суд во Белград потврди дека ги…