Швајцарија, Австрија и Србија се новите центри на руската шпионажа – Мицкоски случајно ги посети овие три држави?
Инвазијата на Украина во 2022 година во голема мера ја попречи работата на руското разузнавање во Европа. Вкупно 600 дипломати беа протерани од ЕУ по избувнувањето на целосна војна, од кои околу 400 се веруваше дека се разузнавачи кои работат под дипломатско покривање.
Сепак, оттогаш, пишува Фајненшл тајмс, руските разузнавачки служби успеале да се прегрупираат и да ги модернизираат своите активности.
Во исто време, Русија сè уште продолжува да го користи „традиционалниот“ метод на водење разузнавачки информации – преку агенти кои работат под дипломатски плашт – во некои европски земји, како што се Швајцарија и Австрија.
Австриските разузнавачки служби проценуваат дека околу 150 агенти сè уште работат во амбасадите во тие земји. Еден од соговорниците на ФТ рече дека речиси една третина од разузнавачките операции на Русија во Европа сега се координирани од Виена и Женева.
Покрај тоа, тврди ФТ, Русија ги зајакнала своите шпионски бази во Турција и Обединетите Арапски Емирати, а неколку наводни агенти протерани од ЕУ сега работат во Србија.
Како што забележува изданието, ФСБ, ГРУ и СВР успеаја делумно да ја компензираат уништената шпионска мрежа во Европа, дури и во услови на зголемена контрола над Русите на континентот.
Главното знаење на Москва е зголемената употреба на прокси групи, кои се состојат од граѓани на други земји привлечени од политика, бизнис или организиран криминал.
Како што рече еден од изворите на ФТ, овие луѓе честопати можеби не се свесни дека работат специјално за руските безбедносни служби – тие едноставно ги извршуваат задачите за кои се платени.
Како пример за таква операција, публикацијата го посочува бегството на Артјом Ус, син на поранешниот гувернер на територијата Краснојарск, Александар Ус, од домашен притвор во Италија. Според властите, бегството било организирано од српска криминална група под раководство на руски разузнавачи , а наводниот организатор за тоа добил околу 50.000 евра.
Користењето на такви луѓе има свои добри и лошите страни. Од една страна, велат соговорниците на ФТ, тоа и дава можност на Русија да ја негира својата поврзаност со агентите доколку тие бидат разоткриени.
Тие исто така можат да бидат поефикасни од „традиционалните“ шпиони – во случаи како што се крадење трговски тајни, хакирање компјутерски мрежи или создавање шеми за заобиколување на санкциите. Од друга страна, таквите агенти можат да бидат лабави во врска со правилата за заговор и нивната ефикасност е обично многу пониска од онаа на човечките ресурси.
Што е најневеројатно, цел сектор на латиноамериканската екстремна десница, вклучително и високи воени функционери, го поддржува Владимир Путин. На нив очигледно се додаваат, како и во Европа, симпатиите на латиноамериканската екстремна левица.
Друга тешкотија е што таквите агенти е тешко да се контролираат без менаџери на терен. Аналитичарите веруваат дека Русија одново гради мрежа на курири – ГРУ веќе почна активно да регрутира агенти без воено потекло за да го олесни развојот на легенди кои ќе им овозможат трајно да се населат во европските земји без да предизвикаат сомнеж.
Она што е многу интересно е што Мицкоски ги посети трите центри на руската шпиунска моќ во изминатите неколку месеци, па логично се поставува прашањето дали тој добил инструкции и бил на координација во овие центри.
Неодамна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки беше во дводневна посета на Женева, Швајцарија. Она што е интересно е што токму Драган Ковачки е под истрага дека одавал државни тајни на трети држави непријателски на НАТО, а не помина за министер за внатрешни работи како решение во техничката Влада предводена од Оливер Спасовски во 2020 година.
Мицкоски во Женева беше под превезот дека е на состанок со претседатели на задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа, но имајќи ја во предвид локацијата за која Фајненш Тајмс дека е дувло на руското разузнавање предизвикува дополнителен сомнеж.
Тоа што е интересно е што денеска Мицкоски е во посета на уште еден град кој реномираниот Фајненшл Тајмс го посочува исто така како дувло на руското разузнавање Виена, Австрија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.
Кон крајот на минатата година Мицкоски беше во посета на соседна Србија која исто така е посочена како дувло на руското разузнавање во Европа.
Овие коинциденции како и односот на американската дипломатија кон Хриситијан Мицкоски упатува дека тој потенцијално е руски играч на Балканот.
Да не заборавиме дека неодамна во интервју за емисијата 360 степени, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, запрашан за уставните измени, истакна дека станува збор за конкретен компромис кој е потребен за да се стигне до целта за влез во ЕУ и дека е важно Македонија и соседите да наоѓаат начини за да се движат напред.
Во однос на ставот на Христијан Мицкоски, О’Брајан низ метафоричен, но крајно разбирлив пример објасни што мисли за неговото и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.
„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави американскиот висок државен функционер.
Дестабилизирачката позиција на Мицкоски стана евидентна откако тој во интервју за телевизија 24 вести им се закани на САД и ЕУ со конфликт доколку не формира Влада по изборите на 8-ми мај.
Претходно Инфомакс објави дека Христијан Мицкоски и потесното раководство на партијата се соочиле со посериозни проблеми кога стануа збор за избор на првиот човек на Министерството за внатрешни работи, бидејќи голем дел од нив биле одбиени од стратешките партнери како неприфатливи поради нивните конекции со Истокот.
Некогашниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев кој требаше да биде најверојатниот министер и во новата техничка Влада бил одбиен од претставниците на меѓународната заедница, односно од стратешките партнери на државата. Како што дознаваме пријателските држави кои посочиле дека Чулев не може да добие НАТО сертификат поради соработка со трети држави, ваквите сонзанија од стратешките партнери предизвикале сериозни проблеми за Мицкоски и раководството на партијата. Како безбедносен ризик од стратешките партнери бил посочен и Александар Николоски, Игор Јанушев и уште неколку други ликови од раководството на партијата поради соработка со непријателски држави.
Дипломатската изолација на Мицкоски од Западниот свет ја потврдува и фактот што претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на ЕПП во Букурешт остварија средби само со српската премиерка Брнабиќ и хрватскиот премиер Пленковиќ, што упатува дека на нив меѓународната заедница и сестринските партии гледаат со сериозна скепска кон Мицкоски и неговата посветеност кон западните политики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…