Објавено на:

МВР објави детали за смртта на Мирко Петровски: Бил пронајден во домот во Кисела Вода, констатирана е смрт без видливи траги на насилство

t

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за смртта на Мирко Петровски, повеќекратниот македонски фитнес и бодибилдинг шампион кој почина завчера на 47-годишна возраст.

Според соопштението на МВР, Мирко завчера во 09 часот и 15 минути бил пронајден починат во својот дом. Пријава пристигнала и во полицијата.

„На 06.03.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П.(47) од Скопје“, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

„По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, додаваат од македонската полиција.

Петровски зад себе ги остави сопругата Светлана и деветгодишниот син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшен случај на семејно насилство: Малолетно девојче…

Сериозен случај на сомневање за насилство и…

„Фолксваген“ планира замрзнување на платите до 2030…

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да ги…

Вучиќ: Нема да дозволиме да ја украдат…

На самиот крај од изборната кампања, пред…

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО,…

Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во…

Трамп најави дека ќе објави детали за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека располага…