Денес е Задушница, сеќавање на починатите

t

Православните христијани во сабота, на 9 март ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Оваа Задушница секогаш се паѓа во сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш во сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај во сабота и…

Поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

За Задушница ќе се пуштат дополнителни автобуси

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница,…