Американската морнарица им собори на Хутите 15 дронови во Црвено Море
Американската морнарица утрово собори 15 беспилотни летала лансирани од јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).
– Американската војска одговори на нападот од големи размери на Хутите поддржани од Иран што се случи во Црвено Море и Аденски Залив помеѓу четири и шест часот и 30 минути по локално време, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ..
Соборените беспилотни летала, според ЦЕНТКОМ претставувале „непосредна закана за трговскиот брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ројтерс: Јеменските Хути испукаа балистички ракети кон…
Јеменските Хути во понеделник изјавија дека испукале…
Трамп: Продолжуваме со нападите на Хутите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси…
Американската Федерална управа за авијација (FAA) воведе…