Ристо Никовски за ВМРО-ДПМНЕ: Би сакал да има подобар лидер и подобар кандидат за претседател, ама едно се нашите желби, а друго е реалноста!
На гостувањето во подкастот на партија „Родина“, поранешниот амбасадор во Москва Ристо Никовски тврдеше дека партијата ВМРО-ДПМНЕ се истрчала со изборот на кандидат за претседател и не го исполнила дадениот збор дека ќе го бираат меѓу повеќе кандидати на конвенција: „Тие избрзаа и тоа што го ветија не го направија. Ветија дека ќе има повеќе кандидати. Напротив, со еден кандидат излегоа. Тоа е нивна одлука“, рече Никовски.
Водителот Томче Ширков, Заменик Претседавач на Претседателството на Родина Македонија, го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека сега пере раце од „независната“ Данела Арсовска, а повторно поддржува независна кандидатка која не е член на партијата:
Ширков: „ВМРО баш како Понтиј Пилат пере раце. Не знам, велат, граѓаните ја гласаа таа е независен кандидат.“
Никовски: „Тоа не е точно. Да не беше ВМРО таа немаше никогаш да победи.“
Ширков: „А, така, буквално во центар.“
Никовски: „Одговорноста за Данела како градоначалничка на Скопје е на ВМРО. Тоа, јас мислам дека никој не го негира и никој не го игнорира тоа“.
Понатаму, Никовски укажа дека тој лично би сакал да има опозиција со подобар лидер, ама дека едно се желбите, а друго е реалноста: „Јас би сакал да биде поинаква, јас би сакал да има подобар лидер, да има подобро извршно биро, ама тоа е тоа. Едно е што се наши желби и соништа а друго е реалноста“, изјави Никовски.
За Ширков кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е „неподобна“ затоа што „не сака дури ни да стане член на ВМРО-ДПМНЕ“, и затоа што „играла за Сорос“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Денес се празнува Преподобен Прохор Пчински
Бидејќи се молеше за тоа, Бог му…
Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…
Избирачките места во Бугарија се отворени од…
Обилни врнежи од дожд, се очекува да…
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд,…
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…