Ватикан: Папата не бара од Украина да се предаде
Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан, Матео Бруни изјави дека папата Франциск во интервју за швајцарскиот јавен сервис RSI, кое беше претходно објавено, не побарал од Украина да се предаде, како што објавија некои медиуми, туку имал намера да повика на прекин на огнот и да укаже на „храброста на преговорите“.
„Папата ја искористи метафората на „бело знаме“ предложена од новинар за да ја истакне важноста од прекин на непријателствата, примирје постигнато преку храброста на преговорите. На друго место во интервјуто, зборувајќи генерално за војна, Папата јасно стави до знаење „Преговорите никогаш не се предавање“, рече Бруни, пренесе Vatican News.
Според извештаите, за време на интервју за швајцарската телевизија, новинарот Лоренцо Бучела го прашал папата: „Во Украина, некои повикуваат на храброст за предавање, „бело знаме“. Но, други велат дека тоа би ја легитимирало посилната страна. Што мислите?”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…