(Видео) Автомобил со полна брзина удри во Бакингемската палата: Големо апсење во Лондон
Британската полиција интервенираше рано утринава откако автомобил влета во портите на Бакингемската палата.
Локалните медиуми јавуваат дека еден маж е уапсен.
– Ставете ги рацете на главата! – На драматичната снимка се слушаат полицајци како викаат кон возачот.
Очевидец рекол дека слушнал „силен тресок“ додека возилото се пробило низ портите на познатата кралска резиденција во центарот на Лондон.
– Слушнав силен тресок и кога погледнав таму видов дека автомобилот влетал во Бакингемската палата – рекол тој очевидец, пренесува Метро.
Дејли Мејл пренесува дека лондонската полиција потврдила дека против уапсениот е поднесена кривична пријава.
– Околу 2 часот и 33 минути во ноќта меѓу саботата и неделата автомобил удрил во капијата на Бакингемската палата. Вооружени полицајци на лице место привеле лице осомничено за кривично дело. Тој е пренесен во болница – соопшти полицијата.
Во соопштението за медиумите се наведува дека „нема извештаи за повредени“.
– Истрагата е во тек за утврдување на околностите – соопшти лондонската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва му се заканува на Лондон по…
Москва го предупреди британскиот владин врв за…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
Приведен стружанец за инцидент на прославата за…
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…
Македонец со грчка потерница уапсен на српската…
Припадници на Министерството за внатрешни работи во…
Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица…
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и…