Објавено на:

Во Шведска спречен е терористички напад, уапсени повеќе лица

t

„Ги откривме нивните врски со сериозен организиран криминал, како и меѓународни врски со терористичката организација Исламска држава“, изјави портпаролот на Сапо за Ројтерс.

Тој не даде дополнителни детали за сомнителните врски со ИСИС, идентитетот на осомничените или природата на наводниот планиран напад.

Апсењата следеа по опсежна истрага за случајот, се вели во соопштението на полицијата.

Државното обвинителство во соопштение прецизира дека апсењата се извршени во областа на Стокхолм.

Шведските медиуми претходно денеска објавија дека голем број полицајци заедно со припадниците на службата за безбедност извршиле апсење во Тирез, јужно предградие на шведската престолнина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски државјани загинаа во авионска несреќа во…

Двајца германски државјани загинаа во авионска несреќа…

Ер трактор се вклучи во гаснењето на…

Големиот пожар што попладнево избувна во близина…

Петнаесет пожари беснеат низ Македонија: За 24…

На ден 22.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Шумските пожари низ Европа откриваат нова опасност:…

Големите пожари и суши што ја погодија…

Како Шведка и Финска ја поместиле границата…

Замислете да изградите куќа и потоа да…