Од утре забрана за невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинките
Невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиTеПер вакцината од утре нема да се примаат во детските градинки. Здравствените инспектори почнуваат со вонредни контроли. Забраната и контролата важи и за приватните детски градинки.Истовремено, како што најавија од инспекторатот, ќе се задолжат и вработените во предучилишните установи да изготват списоци со имињата на сите невакцинирани деца.
„Решенијата за забрана ќе ги издаваме на правниот субјект односно на градинките. Додека детето не се вакцинира со ДиТеПер и не ги прими дозите нема да смее да посетува градинка, со цел да го зголемиме опфатот на вакцинација и да го заштитиме здравјето на децата. Забраната важи и за државните и за приватните детски градинки подеднакво“ – вели Рената Младеновска директорка на ДЗСИ.
Вонредните контроли на здравствениот инспекторат доаѓаат по препорака на Комисијата за заштита од заразни заболувања и одлука на министерот за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата со пертусис.
Лекарите велат дека ваквите мерки се потребни за да може да се стопира големата кашлица…. Предупредуваат дека болеста е најопасна токму за најмалите деца кај кои може да даде и потешки компликации.ава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…