Вардар го демолираше вицепрвакот во Автокоманда
Вардар оствари голема победа на гостувањето кај Алкалоид, црвено-црните одиграа доминантен натпревар по нотите на јапонскиот ракометар Косуке Јасухира и го совладаа ривалот со 27-23.
Вардар е друг тим кога во тимот го има Косуке Јасухира, тимот на Владо Недановски денеска се покажа во многу поинакво светло од претходните натпревари.
Вардарци уште на самиот старт покажаа дека ова ќе биде поинаков натпревар од оној од минатата сезона кога токму во Автокоманда ја загубија титулата. Алкалоид правеше грешки, имаше проблем да реализира од бековските позици. На полувремето Вардар замина со предност од дури осум разлика, беше 16-8.
Во вториот дел Вардар дојде до девет голови предност, неколкупати имаше шанса да дојде и до двоцифрена разлика, но не успеа. Следуваше црн период за гостите, точно десет минути не постигнаа гол, Алкалоид успеа да ја намали предноста и на крајот да се избори за пораз од четири голови разлика, 23-27.
Марко Срдановиќ постигна седум голови, Николиќ, Јасухира и Лазаревски реализираа по четири, фантастичен беше Томовски на голот 12 одбрани. Најефикасен на натпреварот беше играчот на Алкалоид, Мартин Серафимов со осум погодоци, четири даде Марко Митев.
Фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…