Напишале „историска Македонија“ наместо „Северна“, австралиска агенција повлече реклама за балканска екскурзија

t

Туристичката агенција ТрипАдил од Австралија која на австралиските туристи и на заинтересираните од Нов Зеланд им нудеше екслузивна 17-дневна прошетка низ балканските земји, ја повлече видео рекламата која ги вознемири духовите во грчката заедница во Австралија, откако извесен член Сотирис Костулиас испратил протестно писмо, меѓу другите кои исто така реагирале дека Македонија била наречена „историска Македонија“.

По повлекувањето на рекламата Костулиас добил и извинување од Асоцијацијата на австралиската туристичка индустрија.

„Сакаме да ве увериме дека референцата „Македонија“ наместо точниот термин „Македонија“ не беше намерна и веднаш беше поправена на нашата веб-страница штом ни беше укажано на тоа“, стои во извинувачката порака на Асоцијацијата.

Тие појаснуваат дека ќе биде потребно повеќе време да се премонтира телевизиската реклама, па сега на сајтот ТрипАдил стојат само серија фотографии местата кои се во рамки на балканската екскурзија и тоа од Хрватска, Словенија, БиХ, Албанија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.

„Балканската тура 2во1“ почнува од Загреб и завршува со Софија од каде се лета назад за Австралија или Нов Зеланд. Цената на 17-дневниот ангажман сега изнесува 10.599 австралиски долари за две лица. Групата од Албанија по посетата на јадранското приморје предвидено е да престојува во Охрид и еден ден во Скопје, од каде продолжува за Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…