ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој работеше РЕК „Битола“ испадна од мрежа
Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, беше направена набавка на струја по поволни цени, кои му овозможуваат на АД ЕСМ намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа, РЕК „Битола“ планирано работеше само со еден блок, известуваат од АД „Електрани на Македонија“.
Оттаму појаснуваат дека поради пукната цевка, блокот со кој работеше РЕК „Битола“ испаднал од мрежа.
Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира – велат од ЕСМ.
Од компанијата посочуваат дека согласно со планот за производство, се очекува до крајот на неделата да биде ставен во мрежа и вториот блок, додека се очекува на почетокот на следната недела сите три блока да бидат во мрежа, известуваат од ЕСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…
Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…
Пожарот кај Небрегово се шири кон две…
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…
Бабам Битола: Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ…
Замислете некој од оние МИЛИОНЕРИТЕ во РЕК…
Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер
Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…