ЦУК: Да не се пали вегетација на отворено

t

Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 37,51 отсто, а 62,49 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 27,51 проценти, кон пожарникарите 4,09 отсто, а кон АМСМ 0,37 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…

Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо…

Билборд поставен над еден од главните автопати…

(Видео) Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците…

Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив…