Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер
Во текот на вчерашниот ден Државниот санитарен здравствен инспекторат излезе на терен, сите инспектори почнаа да вршат вонреден инспекциски надозр и се издадени решенија во сите градинки со забрана за прием на невакцинирани деца со ди-те-пер вакцината (дифтерија-тетанус-пертусис) која ги штити децата од голема кашлица.
Добивај вести на вибер
– Согласно првичните информации, речиси 50 отсто од децата во Скопје се невакцинирани со ди-те-пер или се нецелосно вакцинирании и лично сметам дека е поразителен факт за општеството. Бројките ги извлековме од списоците со деца од градинките, оваа акција ќе продолжи, директорите на детските градинки дадоа уверување дека ќе ја политуваат мерката – истакна директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.
Имало реакции од родители дека вакцинирано дете требало да седи дома 20 дена, како и реакции од родители чии деца биле вратени од градинка иако имале закажно вакцинирање, но од ДСЗИ таква мерка не е издадена ниту пак инспекторите ќе прават исклучоци за некои деца.
– Неточна е мерката дека деца треба да се седат дома. Ние започнавме да вршиме инспекциски надзор во внатрешноста на земјата, од првичните информации во другите градови имаме покриеност со имунизација со ди-те-пер од скоро 95%. Родителите се одговорни и го почитуваат редовниот календар за имунизација, очигледно проблемот е во Скопје – рече Младеновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…
Хакиран билборд над автопат во Каиро: Наместо…
Билборд поставен над еден од главните автопати…
(Видео) Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците…
Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив…
Јанша: Не замислувавме ваква ЕУ кога одлучивме…
Премиерот на Словенија Јанез Јанша објави листа…
Јотова ги повика европските лидери да разговараат…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на обновување…