(Видео) Како се приближуваат изборите мекнеат ставовите на ДПМНЕ: Стратешкиот партнер на Мицкоски, вели дека партијата нема против внесување на Бугарите во Устав

t

Стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата, Марјан Ѓорчев во вчерашното гостување во телеивизија 24 вести истакна дека нема ништо против промена на Уставот на Република Македонија со цел внесување на Бугарите во истиот.

-Уставните измени не се проблем, јас повеќе пати во вашата емисија сум кажал. Уставните измени не е битно… За Бугарите, Хрватите, Словенците, јас би рекол Еѓупците, Евреите и Горанците од Косово треба да влезат во Уставот, вели Ѓорчев.

Ваква најава за менување на Уставот по изборите имаше и професорката Гордана Сиљановска Давкова која на Конвенцијата на која беше избрана како единствен кандидат за претседател на државата посочи дека ќе консултира експерти од странство при менување на Уставот.

 

Интересно е што изјава на еден од најблиските луѓе до Христијан Мицкоски доаѓа само неколку часа по изјавата на шефот за Западен Балкан во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар. -Македонија и Бугарија се ценети НАТО-членки и сојузници и сакаме мирно решение на сите прашања. Го охрабруваме дијалогот меѓу двете држави да остане врз основа на факти и вкоренетост во заложбата Македонија да продолжи да има ЕУ-перспектива. Верувам дека имаме сигурност од Бугарија дека тие сакаат Македонија да биде дел од Европската Унија. Сакаме да ги искористиме тие можности, зашто Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ. Ова денеска го изјави шефот за Западен Балкан во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар на брифинг за новинарите, говорејќи за резолуцијата за влез на земјата во ЕУ од Сенатот на САД. Според него, претходната влада беше посветена на членството во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата. Отворените прашања во регионот го прават Западен Балкан, според Ескобар, подложен на злонамерно мешање од страна, вклучително од Русија, а за намалување на опасноста, вели дека треба да се работи на надминување на неразрешените прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…