(Видео) Стратешкиот партнер на Мицкоски пак брилира: ДПМНЕ нема проблем да се ретушира историјата со Бугарија ама во УНЕСКО…
Марјан Ѓорчев стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата најавува дека ако партијата дојде на власт нема да прекинат преговорите за историјата со соседна Бугарија, туку ќе продолжат во друг формат.
Имено Ѓорчев вели дека со Бугарија имаме голем број на историски теми на кои треба да разговараме и да ги дискутираме, но тоа треба да го правиме во рамки на УНЕСКО…
Ова како став е шокатно за поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ на кои Мицкоски им велеше дека Владата на СДСМ со тоа што прифатила историска комисија со соседна Бугарија ја распродава и менува македонската историја, а според Ѓорчев тоа не е проблем туку треба да се крене на уште повисоки ниво во рамки на Обединети Нации и УНЕСКО…
Имате член 8 став 2 мешовита историска комисија на која не и местото за политичка интепретација на историски прашања, местото и е во УНЕСКО, вели Ѓорчев.
Истото Ѓорчев го повторува и понатаму во емисијата истакнувајќи дека Македонија и Бугарија треба да ги продолжат разговорите за историјата ама во УНЕСКО.
Ние можеме да отвориме милион прашања во преговорите со Бугарија, затоа не треба да ги отвараме така, треба да ги однесеме тие прашања на едно повисоко ниво во УНЕСКО. Да разговараме на ниво кое ќе биде меѓународно, вели Ѓорчев.
Промената во ставот на ВМРО-ДПМНЕ е шокантна имајќи во предвид дека на своите гласачи партијата тврдеше дека за историјата нема шанси да се разговара со Бугарија и дека тоа е нивната црвена линија.
Инаку Македонија нема добро искуство во преговорите во кои посредник се Обединети Нации имајќи во предвид дека со нивно покровителство Грција не ги испочитува своите обврски од 1994 и ја блокираше Македонија во Евроатлантските интеграции за во 2019 да го промениме името во Северна Македонија за внатрешна и надворешна употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ…
АЛТА банка Битола би можела да добие…
(Видео) ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МОСКВА: САД ЈА…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) официјално…
ТРАМП: ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА ЗАРАБОТИВМЕ ДЕСЕТ ПАТИ…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите…
ИРАН ПРЕД ПРОМЕНА НА НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА? Од…
Во услови на зголемени воени тензии на…
По судирот пред Уставниот суд, полската опозиција…
Полската опозиција најави покренување на иницијатива за…