Блинкен побара шестнеделен прекин на огнот во Појасот Газа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска повика на прекин на огнот во Појасот Газа во времетраење од најмалку шест недели.
„Сакам да им честитам Рамазан на повеќе од 1,8 милијарди муслимани низ светот. Оваа година, празникот доаѓа во време на конфликти и болка за многу муслимански заедници, вклучувајќи ги Ујгурите во Синџијанг, Рохинџите во Бурма и Бангладеш и Палестинците во Газа“, рече Блинкен во изјавата објавена од Стејт департментот.
Тој додаде дека хуманитарната ситуација во Газа е „срцепарателна“.
„Додека испорачуваме дополнителна помош за Газа, ќе продолжиме да работиме без престан за да воспоставиме прекин на огнот од најмалку шест недели како дел од договорот за ослободување на заложниците. Ние, исто така, ќе продолжиме да бараме решение за две држави за да се осигураме дека Палестинците и Израелците имаат еднакви слободи, достоинство, безбедност и просперитет. Мирот е можен, неопходен е и итен“, истакна Блинкен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…