(Фото) Македонците најмногу сакаат да се – инфлуенсери!
Порталот за вработување „Џобсикер“ (Jobseeker) објави мапа којашто покажува во кои држави ширум светот – кои работни места се најбарани и најпребарувани за оваа 2024 година. Македонците, се чини, заедно со Малтежаните и Кипарците, единствени во Европа најмногу сакаат да бидат „инфлуенсери“.
Судејќи според картата, пак, воопшто, најпосакувана работа на планетава е пилот. Прашањето „Како да се стане пилот“ на интернет е пребарано 50.000 пати во јануари 2024 година. Оваа професија е најпопуларна во 55 земји. Со виолетово се означени Обединетото Кралство, Ирска, Шпанија, Полска, Индија, Кенија, Сомалија, Босна и Херцеговина итн.

На второто место се стјуардесите – со 29.000 пребарувања. Оваа работа е и најпребарувана во САД, Канада, Мексико и Бразил.
На место бр. 3 е професијата модел – вкупно 25.000 пребарувања на светско ниво. Со жолта боја се означени Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Хрватска, Словенија, како и Франција, Германија, Италија, Шведска, Алжир, Мароко и многу други земји.
Инаку, доктор е шестата најпопуларна работа (15.000 пребарувања – најпосакувана во Уганда, ДР Конго). Во Русија, Косово, Украина и Белорусија, пак, најпребарувана е професијата наставник (14.000 пребарувања) – место бр. 7 на рангирањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу големи експерти во енергетика: Не работи…
Вториот од трите блока на РЕК Битола…
Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…
Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот…
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…