Жена почина паѓајќи од балкон во Гостивар

t

Вчера во 8 часот и 10 минути во СВР Тетово е пријавено дека на плочник пред семејната куќа во Гостивар била пронајдена почината 76-годишната С.О..

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а според нејзиниот сопруг Ќ.О.(75), со кого заедно живееле во куќата, таа околу 4 часот отишла во кујната која била поврзана со балконска врата и најверојатно паднала од балконот, соопшти СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршилe увид, а понаредба на јавниот обвинител на телото на починатата
е извршена обдукција.

Од СВР Тетово го расчистуваат и документираат случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…

Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…

Пукање од возило во Сарај: Едно лице…

На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…

Нетанјаху: „Имаме способност да ги напаѓаме нашите…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, при…

Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…

8-годишно дете било удрено од автомобил на…