Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати
Португалските новинари повикаа на еднодневен штрајк, прв по 42 години, во знак на протест против ниските плати и несигурноста на работните места во секторот кој се соочува со големи тешкотии.
Повикот за масовен штрајк дојде откако една од главните медиумски групи, Глобал Медиа, оваа недела објави нов план за отпуштање на околу 20 вработени, меѓу кои и десетина новинари, поради сложена финансиска ситуација.
Новинската агенција Луса од синоќа на полноќ нема објавено ниту една вест, соопшти Синдикатот на новинарите.
Повеќе од 20 медиуми се погодени од штрајкот.
– Несигурноста на работата и ниските плати претставуваат пречка за правото на граѓаните на информирање, нагласи новинарскиот синдикат кој повика на штрајк.
Новинарите првенствено бараат зголемување на платите за да се справат со инфлацијата и почитување на законот за работни односи, со акцент на платата за прекувремена работа.
Новинарски протести се свикани во Лисабон, Порто и Коимбра.
Последниот генерален штрајк на португалските новинари беше во 1982 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црното море станува се поопасно за трговските…
Нападите со дронови врз трговски бродови во…
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…
Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски:…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
СДСМ: Без табуа, со знаење – младите…
Соопштение за јавност На младинската трибина на…
(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…
Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…