Ван Хол ги затвара фабриките во Белгија – цело производство го сели во Македонија!
Белгиската компанија „Ван Хол“ која има фабрика во Скопје ќе го запре производството на градски автобуси и ќе се преориентира само на автобуси за превоз на патници и приколки.
Како што се наведува компанијата има потреба да се реструктуира поради промената на условите на пазарот.
Во тоа преструктуирање 1.100 вработени од фабриката на „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат отпуштени во наредните три години, до 2027, а производството на автобуси ќе се префрли речиси целосно во фабриката во Македонија, крај Скопје. Една од важните причини е што платата на вработените во овдешната фабрика на „Ван Хол“ е за околу три пати помала од онаа на белгиските работници.
Оваа вест ја објавија повеќе белгиски медиуми и специјализираните веб страници за автобуски превози и производство на автобуси. Во соопштението за печатот „Ван Хол“ ја објави „својата намера стратешки да ги рефокусира своите активности кон пазарните сегменти каде што клиентите свесно го избираат високиот квалитет на производите на ‘Ван Хол’“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Венко е сосема одлепен од реалноста, она…
„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите…
(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…
Во борбата со големиот пожар што беснее…
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…