(Видео) Добриот Албанец на Мицкоски: Не само внесување на Бугарите, на Македонија и е потребен нов Устав

t

Кандидатот за претседател од редовите на албанската опозиција Арбен Таравари оценува дека во Македонија треба да се отвори прашањето за нов устав, пренесува ТВ21. Таравари во емисијата „Мислење“ на Бленди Февзи рече дека актуелниот Устав не бил поддржан од Албанците во 1991 година и дека не ја отсликува реалноста кај нас.

„Уставот за кој Арбен Џафери рече дека е генератор на кризата во Македонија, за него гласаа само Македонците во 1991 година, а Албанците не гласаа, тие беа воздржани и мислам дека заедно со нашите сограѓани Македонци треба полека да се отвори некои прашања затоа што Уставот мора да биде одраз на она што е во основата, на реалноста на населението, на демографијата, за да биде пофункционално, така што секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, да ја чувствува таа земја како своја. Мислам дека треба сериозно да размислиме и да ја отвориме дебатата за уставните измени, не само за воведување на Бугарите, рече Таравари.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја менува реториката. Црвените линии на одречно одбивање промена на Устав под “Бугарски диктат“, сега се можност за дискусија со меѓународни експерти по Уставно право.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Сиљановска- Давкова на изборната Конвенција на партијата ги најави овие “други ветрови“ на размислување и делување. Дали со ваквиот потег, опозицијата го подготвува членството да се соочи и да го прифати единствениот услов и пат кон ЕУ кој со години го отфрлаше и негираше или на маса ги “фрла“ картите и му се додворува на Западот и САД? Дали кандидатката навести дека ДПМНЕ че внесува Бугари во Устав?

Очигледно, оговорноста за промена на ставот и новата политика која ја менувааат за лидерство за прифаќање на Уставните измени не му припадна на Христијан Мицкоски.

Честа и припадна на Сиљновска-Давкова, која на изборната конвенција вешто и перфидно зборуваше за Уставните промени кои неминовно треба да се случат, а во прв ред и аплаурираше токму лидерот и целото раководство на ВРМО-ДПМНЕ.

Таа во својот едночасовен говор, петнаесетина минути зборуваше токму за Уствавот, за негова повеќекратна интевренција и како тој може да се промени во консултација со врвни експерти и прфесори.

– Прво да состави еден експертски тим на врвни професори по Уставно право, не само од овде, ами и од странство, по примерот на Франција. Зошто? За да го проучи Уставот во однос на генерирањето на проблеми во уставниот поредок, со кои што се соочуваме, зошто тоа е единствениот пат“, рече Сиљановска- Давкова.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставни промени може да се направат ако напомош се повикаат и нејзини колеги професори од соседството.

– Во тие уставни измени, ние нешто мораме да направиме, на што повикува чуен професор од Лајпциг, мој колега, со босанско потекло, Един Шарќевиќ…Како Босна не добие устав во кој ќе се гарантираат покрај индивидуалните и колективните права, но ако не пишува дека граница за колективните се индивидуалните права, никогаш нема да биде правна држава, ниту европска држава. Колку да го имаме напамет“, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…