ПАНДАЛ ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Македонец возел со 146 км на час на место каде е дозволено 50!

t

Денеска (14.03.2024) околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.

Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прашањето за ЕУ е тешка борба,…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само…

Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…

Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…