Османи се сретна со новиот амбасадор на Турција во Македонија, Фатих Улусој
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, денеска, ги прими, копиите на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Фатих Улусој.
Во таа пригода, министерот Османи изрази задоволство од одличните билатерални односи и плодната соработка кои се во духот на традиционално пријателство и партнерство меѓу двете земји.
Двајцата соговорници оценија дека меѓусебната соработка во континуитет се продлабочува и зајакнува во повеќе различни области од заеднички интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната.
Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Улусој во Република Македонија, министерот Османи изрази подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели од Стратегијата за зајакнување на билатералните односи, потпишана во 2008 година, меѓу двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…