Сторија која ќе ви ги насолзи очите: Еден млад човек ги донираше органите, спаси повеќе од шест пациенти
Во текот на вчерашниот ден е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи при што еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, пишува Бабам Битола.
Органите се донирани од фамилијата на прерано починат млад битолчанец по потекло од Новаци, за што од Министерство за здравство упатија огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот.
Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку четири животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје,
Нека ова донирање биди еден пример за сите нас и нашите фамилии бидејќи ова е и еден начин кога животот за жал е немилостив кон еден хуман човек кој не престанува туку продолжува да живее благодарејќи на неговото семејство и помагајќи му на неколкумина други.
Извор: Бабам Битола
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…