Објавено на:

Во Црна Гора поддршката за НАТО падна за 12 отсто

t

Во Црна Гора за 12 отсто е зголемен бројот на граѓани кои би го напуштиле НАТО, се вели во извештајот на Алијансата за изминатата година, пишува денеска подгоричка „Побједа“.

За излегување на Црна Гора од НАТО би гласале 44 отсто од граѓаните на таа држава, додека за останување на земјата во тој сојуз би гласале 46 отсто.

Податоците од извештајот покажуваат дека мнозинството граѓани на земјите членки на Алијансата на референдум би гласале нивната земја да остане членка на НАТО (66 отсто), што е намалување во однос на истиот период минатата година, кога 70 отсто од граѓаните го поддржа останувањето во Алијансата.

Во однос на претходниот извештај, бројот на оние кои би го напуштиле НАТО е зголемен за 12 отсто, додека бројот на поддржувачи е намален за два отсто.

Вкупно 46 отсто од испитаниците во земјата сметаат дека НАТО ја намалува можноста странска нација да ја нападне Црна Гора, додека 33 отсто сметаат дека тоа не е така.

Според последниот извештај, Црна Гора лани за одбрана издвоила 106 милиони евра, што е за 24 милиони повеќе од годината претходно.

Извештајот покажа дека Црна Гора троши 128 долари по глава на жител за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…

Подготовките за создавање на суверена држава на…

Македонија пред нов, екстремно топол бран

Од четврток (20 август) па сѐ до…

Иран најави договор со Оман за безбеден…

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…

Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…

Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…

Велика Британија изјави дека стои зад Украина…