Објавено на:

Излезноста на претседателските избори во Русија надмина 55 отсто

t

Излезноста на претседателските избори во Русија надмина 55 отсто, објави Централната изборна комисија (ЦИК). Како што е наведено на веб-страницата на ЦИК, до 20:19 часот по московско време, на гласачките места излегле 55,1 отсто од гласачите, јавија руските медиуми.

На изборите во 2018 година, кога гласањето траеше еден ден, излезноста до 10 часот по московско време беше 16,55 отсто, до 12 часот 34,72 отсто и до 17 часот 51,9 отсто, што на крајот ја надмина излезноста од 67 отсто.

За функцијата шеф на државата се натпреваруваат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и Владимир Путин.

Гласањето на претседателските избори во Русија почна вчера, а завршува утре.

Во Русија право на глас имаат околу 110 милиони граѓани, а резултатите од претседателските избори треба да бидат објавени најдоцна до 28 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…