Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во царината

t

Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, тој би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави.

Според него вработените во Царинската управа се посочени како едни од најкорумпираните. Последниот предлог кој го има Националниот координатор за гранично управување е тие секоја година да бидат ставени на полиграф. Но тоа како што вели тој не е решението за корупцијата во редовите на царина.

-Не сум сигурен дека на тој начин ќе се реши прашањето со корупцијата. И покрај тоа што веќе имам кажано дека оставам стручната јавност да одлучува во делот на полиграфското тестирање и колку точност има полиграфот бидејќи ако на некого врз основа на тоа му го прекинете договорот, а тој нема 100% точност можете навистина некому животот да му го уништите. Се работи за човечки судбини, не е само да го прекинеме договорот за работа. Ако го прекинеме врз основа на полиграф, односно врз презумција дека вие сте криминалец тоа значи многу повеќе за човек и за неговото семејство отколку само прекинување на работниот однос – вели Богоев.

Според него царина би се потпрала само на механизми и практики кои со сигурност кажуваат дали некој е корумпиран или не. Она што е многу битно и што го кажуваат колеги од други царински управи еве на пример од Република Кореја велат дека најдобар начин да се справиш со корупција е со дигитализација – вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Предложен е притвор за заменик-директорот на Царина,…

Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…