УДРИЛ ТРИ КОЛИ НА ПАРКИНГ И ПОВРЕДИЛ ПЕШАК: Верижен судар во Штип
Автомобил „доџ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.О.(23) од с.Селце-штипско синоќа околу полноќ удрило во паркирани возила на улицата „Борис Кидрич“ во Штип.
Од МВР информираат дека момчето удрило во товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки и патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, како и во пешакот Т.К. (45) од Штип.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Т.К.(45) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Е.О., констатирани во Клиничката болница Штип“, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…