(Видео) Јакимовски: САД биле и ќе останат стратешки партнер на Македонија, но најважни ни се нашите интереси
Соединетите американски држави биле и ќе бидат стратешки партнер на Македонија и гарант за нашето постоење, истакна на денешната вонредна прес-конференција лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски кој додаде дека ова не е став на целата американска политика.
– Сметам дека САД е стратешки партнер на Република Македонија, гарант за постоење на Република Македонија и нема дискусија за тоа, но нашите интереси не можат да бидат под нивните интереси. Јас со тоа нема да се сложам, први мора да бидат интересите на граѓаните на Република Македонија, а немаме против да им помагаме во остварување на нивните интереси. Се ова што го направија од 2016 година навака донесе само несреќа за граѓаните на Република Македонија. Дали живееме подобро? Запре ли иселувањето? Станавме ли членка на ЕУ? Има ли подобро судство, се намали ли криминалот и корупцијата? Како тие ни се репер за криминал и корупција ако 41.000 гласачки ливчиња се појавуваат седум дена по избори и сите до едно се за Бајден? Јас остро се спротивставувам на тоа, најбитни ми се граѓаните на Република Македонија, нагласи Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…