Објавено на:

„АКО НЕ ГО НАПРАВИМЕ ТОА, ВОЈНАТА ПОЧНУВА ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА“: Ерменскиот премиер ги убеди жителите на пограничните зони да им ги предадат селата на Азербејџанците

t

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан им рече на жителите на пограничните села во провинцијата Тавуш дека доколку Ереван не постигне компромис со Азербејџан во врска со енклавите од советската ера, војната може да избие таму до крајот на оваа недела.

– Ние (владата) можеме да заминеме одовде и да му кажеме на (Азербејџан) дека нема да направиме ништо. Тоа значи дека војната ќе почне до крајот на оваа недела – рече Пашинјан во видеото од средбата со селаните.

Руската новинска агенција Тас јавува дека снимката ја објавила ерменската влада.

– Знам што ќе се случи кога таа војна ќе заврши – рече Пашинјан објаснувајќи им на локалното население дека по завршувањето на вооружениот конфликт, цивилите ќе го прашаат зошто не ги предупредил однапред ако знае што следува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов напад врз нафтената артерија на Саудиска…

Нова топлинска аномалија е регистрирана во близина…

Нафтата експлодира на светските берзи: Брент достигна…

Цените на нафтата продолжуваат со силен раст…

Димовски: Американците измислија летачка кола, кај нас…

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со…

Радев ја тестира цела Европа: По ветото…

Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…

Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…