Објавено на:

Прва вистинска криза на Ерлинг Холанд по доаѓањето на Островот

t

Ерлинг Браут Холанд би можел да го искористи мартовскиот собир на норвешката репрезентација и да остане дома со своите сонародници за опуштање, ментален одмор, индивидуална работа и пронаоѓање на загубената форма поради која се наоѓа во првата вистинска голгетерска криза по доаѓањето во Англија.

До повредата поради која пропушти седум натпревари од средината на декември до почетокот на февруари, моќниот напаѓач со застрашувачко темпо ги кинеше противничките мрежи, постигнувајќи 71 гол за Манчестер Сити во сите натпреварувања во само 75 настапи за „Граѓаните“.

Сепак, откако се врати на терените по месец и пол пауза, 195 сантиметри високиот ас на европскиот шампион не ја затресе мрежата на 7 од 12 натпревари – против Копенхаген во Лигата на шампионите, Њукасл во ФА купот и Барнли, Брентфорд, Челси, Борнмут и Ливерпул во Премиер лигата.

Фактот дека тој сѐ уште има импресивен рекорд од 10 гола на 12 натпревари по повредата треба да се припише, пред сѐ, на фантастичниот настап против Лутон во Купот, во кој Норвежанецот од Лидс постигна 5 гола.

Колку што е очигледно дека враќањето во фудбалот не беше лесно во периодот од сезоната кога во Англија се игра засилено и на три фронта, очигледно е дека оваа кратка пауза во втората половина на март и враќањето во татковината може да му помогне да се ресетира и во препознатлив стил да се врати на тренинзите кај Пеп Гуардиола, а тоа за 75 милиони евра вредниот трансфер од Борусија Дортмунд значи речиси гол по натпревар.

Холанд не е далеку од тој просек ниту кога настапува за репрезентацијата за која на 29 настапи постигна 27 гола.

Нови можности за подобрување на инаку супериорната статистика ќе бидат пријателските средби со Чешка и Словачка, двете во Осло, на 22 и 25 март. Освен уште две пријателски на почетокот од јуни против Косово и Данска, Норвешка летово е слободна бидејќи не се пласираше на ЕУРО 2024.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН!…

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа…

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за…

Таравари: Сѐ уште е рано за да…

Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во…

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан…

Носете си чадор: Поројни дождови и следнава…

До среда ќе се задржи нестабилно време,…