Руското разузнавање со шокантно тврдење: Франција испраќа војници во Украина

t

Франција подготвува контингент кој ќе биде испратен во Украина, изјави директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.

Во првата фаза, контингентот ќе брои 2.000 војници, додаде тој.

„Сегашното раководство на земјата не се грижи за смртта на обичните Французи и за грижите на генералите. Според податоците добиени од руската надворешна разузнавачка служба, контингентот веќе се подготвува за испраќање во Украина. Во почетната фаза , ќе изнесува околу 2.000 луѓе“, рече тој.

Француската единица ќе стане приоритетна цел на руската армија, нагласи тој.

Наришкин додаде дека француската армија е крајно загрижена поради зголемениот број Французи кои загинаа во Украина.

Според шефот на Службата за надворешно разузнавање, Франција признава дека Париз нема забележано такви загуби во странство од војната во Алжир во втората половина на 20 век.

Поради ова, военото раководство на земјата стравува од незадоволство меѓу активните офицери од среден ранг во француската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На штипскиот УГД во првиот уписен рок…

Заврши пријавување на кандидатите за упис во…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Михаилов: Ова што ни се случува на…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…

„Малореканска Летна Школа – По патеките на…

Во селото Тресонче на 30 август ќе…