Преговорите Белград-Приштина продолжуваат во понеделник, соопшти Лајчак
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска најави дека следниот понеделник во Брисел ќе продолжат дискусиите за одлуката за готовинските трансакции на Косово.
Тој на социјалната мрежа ИСК изјави дека денеска со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими разговарал за спроведувањето на Договорот за патот кон нормализацијата, како и за влијанието на одлуката врз готовинските трансакции.
„Се договоривме да продолжиме со ова прашање следниот понеделник, додека лидерите ќе треба да се занимаваат со Договорот“, напиша тој.

Во вторник во Брисел се одржа трипартитна средба на делегациите на Белград и Приштина предводени од Петар Петковиќ и Бесник Бисљими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.
По средбата Петковиќ изјави дека белградската делегација инсистирала пред се на формирање на ЗСО, а второто главно прашање е одлуката на Приштина да го укине динарот.
Бисљими истакна дека до петок Приштина и Белград ќе испратат предлози за решавање на проблемот со динарот и оти очекува следната недела да разговараат за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…