Граѓаните бадијала се потпишуваа: Силјановска кандидатурата во ДИК ја потврдила само со поддршка од пратеници
Вечерва на полноќ е крајниот рок кога кандидатите за претседател, во Државната изборна комисија треба да ги потврдат своите кандидатури, а вчера тоа го сторија кандидатите Стево Пендаровки, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски и Максим Димитриевски.
Денеска својата кандидатура до ДИК ја поднела и Гордана Силјановска Давкова.
Но како што дознава 24инфо.мк наместо да ја достави со граѓански потписи како што тоа вчера го стори Пендаровски, но и другите тројца кандидати, Силјановска Давкова како поддршка за својата кандидатура приложила само потписи од пратеници.
Со тоа кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ го исполнува условот за кандидирање (потписи од најмалку 30 пратеници) но отвора дилема зошто се решила на таков чекор.
ВМРО-ДПМНЕ звучеше убедливо дента кога се собираа граѓанските потписи, а високи функционери на партијата убедуваа дека зад кандидатурата на Силјановска Давкова се потпишале над 25.000 граѓани за неколку часа.
Ако Силјановска Давкова навистина имала толку голема поддршка со граѓански потписи наспроти останатите кандидати, логично е тоа да се прикаже и на официјалната достава на кандидатурата до ДИК.
Но, фактот што кандидатурата е поднесена само со потписи од пратеници, тогаш говори дека можеби ВМРО-ДПМНЕ претерала во бројките на потписи со кои се фалеше во јавноста.
Дополнително, за Гордана Силјановска граѓани организирано се потпишуваа и во нотарски канцеларии, а за една од нив и нашата редакција изрази сомневање дали е возможно да се соберат 1.000 потписи за само седум и пол часа во една единствена просторија (канцеларија).
Без разлика какви се мотивите на ВМРО-ДПМНЕ, потегот да поднесе кандидатура само од пратеници, сепак нема да оди во прилог на дополнително мобилизирање на гласови, имајќи предвид дека на трети март (сабота) оваа година илјадници граѓани стоеја во ред и потрошија часови да ја дадат својата поддршка за Силјановска Давкова.
Извори од ДИК вечерва за Либертас потврдија дека Силјановска Давкова кандидатурата решила да ја поднесе само со 30 пратенички потписи… Во потписите од граѓаните немало ништо спорно но таа за канидатурата не ги поднела граѓанските туку само пратеничките потписи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европски фронт“ поднеле тужба пред Управниот суд…
До Управниот суд вечерва е пристигната тужба…
ДУИ не се помирува со загубата на…
Државната изборна комисија денеска треба да одлучува…
Излезеноста до 13 часот е речиси 26%
Излезеностана прегласувањето на неколку избирачки места во…
Прегласување на неколу избирачки места – Ќе…
Во седум избирачки места во изборните единици…
Управниот суд денес ќе пресече: Ќе има…
Во Управниот суд за денеска се закажани…