Филипче: Специјализантите заслужуваат поголеми примања!

t

Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите. Тие го бараат само она што и го заслужуваат, вели поранешниот минисстер за здравство Венко Филипче.

– Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите.

Колешките кои работат со мене на оваа операција се специјализантките Катерина и Марина. Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно, потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи здравјето на граѓаните и денес и во иднина. – напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Приватните специјализанти не се откажуваат од барањата

Приватните специјализанти повторно ќе се соберат за да…

(Видео) Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по…

- Како претседател на Република Македонија и…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…