Maричиќ: Не разбирам зошто Мицкоски е против внесувањето на Бугарите во Уставот

t

Вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека е неразбирливо е зошто за ВМРО-ДПМНЕ е проблем, Бугарите да бидат внесени во Уставот, бидејќи ако оваа шанса се испушти, тогаш ќе се изгубат дополнителни години, а државата можеби и ќе заостанува зад други држави кои дури сега го почнуваат процесот на евроинтеграции.

„Јас не можам да разберам, ни ВМРО – ДПМНЕ не знае да објасни зошто е проблем да влезат Бугарите во уставот? Што тоа ќе направи негативно кон нас? Зошто е проблем францускиот предлог кој ни го гарантира македонскиот јазик? Зошто е проблем да ние продолжиме понатаму и да наместо тоа да преговараме пак уште 10 години со Бугарија? Јас мислам дека ќе биде допрва жално кога за 6-7 години ќе ги видиме на бината за нови членки Украина, Молдавија, Црна Гора, Албанија а ние ќе им апалудираме како вечна кандидатка и ќе велиме „ќе чекаме подобри времиња“, „ќе чекаме Бугарија да се вразуми“ и да имплементира дел од пресудите во Стразбур, за да ние направиме нешто што веќе сме го направиме за 7 или 10 други заедници“ вели Маричиќ во интервју за „Реално“.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе долг период објаснуваат зошто нема уставни измени од тоа дека преговарачката рамка ваква каква што е не нуди гаранции за македонската историја, идентитет, понатаму дека нема реципроцитет, дека нема гаранции дека Бугарија повторно нема да не блокира, односно немаме чист пат кон ЕУ, како и уште многу други работи.

За тоа зборуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски последно на ТВ21 пред една недела.

„Лага е дека со промена на Уставот како што тоа го замисли актуелната Влада дека Македонија ќе биде членка на Европската Унија, не е точно тоа е лага. Секој кој што таа пропаганда ја шири, лаже, безочно лаже и се обидува да ги манипулира граѓаните. Зошто? Затоа што оваа Влада прифати во Преговарачката рамка делови да бидат билатералните договори со официјална Софија и Преспанскиот договор со официјална Атина. Последиците денеска ги гледаме и благодарение на брзата и навремена акција на Панче Тошковски барем немаме редици за чекање, го немаме оној метеж кој беше во времето на Оливер Спасовски, тие се последиците“, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна ВМРО-ДПМНЕ и покрај притисоците од страна на власта се спротивставило за насилниот обид од власта за промена на Устав.

„Дури и да на насилен пат се обидеа, а не успеаја бидејќи ВМРО-ДПМНЕ рече ние ќе се спротивставиме и се спротивставиме иако притисоците беа жестоки. Се спротивставивме останавме кохерентни, обединети заедно сите затоа што веруваме во ова што го прави и направи оваа Влада е погрешно. Прво ја лажеа меѓународната заедница дека ова што го прифаќаат ќе го испорачаат, второ го лажат сопствениот народ и граѓани дека со промена на Уставот, Македонија станува членка на Европската Унија, не е така, не е точно“, кажа Мицкоски.

Микцкоски посочи дека предизвиците од Преговарачката рамка допрва доаѓаат.

„Предизвиците поради тоа што го прифатија во Преговарачката рамка допрва доаѓаат во процесот на преговори и кога ќе ви кажат дека никој не може да ви гарантира ништо, и кога ќе им кажете добро во ред еве дали е ова последната отстапка што треба Македонија и граѓаните во Македонија да ја направат сите ви велат, а па не можеме тоа да ви гарантираме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека доколку се нема вистински партнер од другата страна тогаш нема да има за брзо решение.

„Доколку немаме вистински партнер од другата страна не мислам дека ќе има брзо решение. Тогаш ќе треба да имаме комплетно нова стратегија, а тоа е како да си ги решиме домашните проблеми и како да се обидеме заедно со нашите партнери за сето ова за кое зборувам да го направиме реалност во Македонија. Да станеме посакувани и тогаш Бугарија ќе биде пред свршен чин, но доколку продолжиме да се однесуваме полтронски и поданички и прифаќаме се, се обезличуваме тогаш простете но, јас така не го замислувам партнерскиот однос, ниту пак така го замислувам добрососедството“, рече Мицкоски.

Тој укажа на тоа дека секоја позиција и секој став треба да е придружен со логични аргументи.

„Секоја позиција и секој став треба да биде придружен со логични аргументи кои се издржани а не аргументи како дело на политиканство и тоа е така уште од Римското право не сум го измислил јас, ниту сум правник, но ете сум читал така било од Римското право дека ставот кој е поддржан со аргументи преовладува затоа ние мора да имаме став и да го браниме тој став, но и да имаме аргументи за тој став. Ценам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ нашиот став го аргументиравме, на отворена сцена прифативме неколку концепти за решавање на овој спор. Очигледно дека сегашната актуелна власт не беше способна и ја излажа меѓународната заедница да испорача резултати. Ние за разлика од власта дадовме најмалку 3 концепти како треба да се реши според нас ова прашање. Подготвени сме да продолжиме да разговараме, да ги доближуваме ставовите и еднаш засекогаш ова прашање да се реши затоа што на самиот почеток кажав дека овој народ, овие граѓани дадоа премногу за тие европски вредности, а добија се уште ништо споредено со сите други народи во рамките на Централна и Источна Европа кој во минатото беа дел од Варшавски пакт односно беа комунистички држави“, заклучи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…